По екстремно бурните повратни информации од корисниците, Инстаграм одлучи да се откаже од некои од промените што ги најави.
Минатиот месец, Instagram започна со тестирање на преглед на цел екран за фотографии и видеа. Шефот на Инстаграм Адам Мозери сега изјави дека тестот ќе биде прекинат во следните неколку недели.
„Луѓето се фрустрирани од новиот дизајн на feed и податоците за користењето на новите функции не се одлични“, рече Мозери. „Затоа мислам дека треба да направиме голем чекор назад, да се регрупираме и да одлучиме како сакаме да одиме напред“, вели тој.
Покрај отстранувањето на feed-от на цел екран, апликацијата барем привремено ќе го намали нивото на препорачаната содржина што ја гледате. „Кога во вашиот преглед ќе откриете нешто што не сте го следеле досега, тоа би требало да биде одлично. Треба да бидете воодушевени кога ќе го видите. Но, мислам дека тоа не се случува во моментов“, истакна Мозери.
Мосери претходно рече дека дизајнот на цел екран „сè уште не е добар“ и дека треба да се одработи повеќе пред Инстаграм да го претстави на сите. Сепак, тој сугерираше дека Instagram на крајот ќе стане повеќе фокусиран на видео, бидејќи тоа е вид на содржина што луѓето ја споделуваат овие денови.
Мозери рече дека податоците на Инстаграм покажуваат дека корисниците не биле вклучени во најавените промени и дека тоа е клучна причина за промената на тактиката. Сепак, враќањето на feed-от на цел екран и препораките нема да бидат трајни.
Тој рече дека е убеден дека Инстаграм ќе ги подобри алгоритмите за рангирање и препораки за услугата да може „повторно да расте“ откако ќе се откажат планираните промени.
Поврзани артикли