Cable.co.uk објави интересен извештај за светскиот пазар на мобилен интернет, односно мобилни податоци. Беа анализирани 233 земји и беа собрани информациите за цените на мобилните податоци во овие земји.
Извештајот на Cable.co.uk се заснова на цената од 1 GB мобилни податоци. Најниска цена за мобилни податоци е Израел, чии граѓани плаќаат само 0,04 американски долари за 1 GB мобилен интернет. По Израел, на второ место се најде Италија, каде 1 GB мобилни податоци во просек чини 0,12 американски долари. Третото место му припаѓа на Сан Марино со 0,14 американски долари за 1GB, додека на Фиџи цената е 0,15 долари. Петтото место го затвора Индија, каде цената е 0,17 долари.
Извештајот открива дека ниските цени на споменатите земји може да се припишат на еден од двата фактори – одличната инфраструктура или високата потрошувачка на мобилни податоци.
Кога станува збор за најскапиот мобилен интернет во светот, со просечна цена од 41,06 долари, островот Света Елена го има најскапиот мобилен интернет во светот. Оваа земја административно припаѓа на британската прекуморска територија Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња. Цената на 1GB мобилен интернет на Фолкландските Острови е 35,45 долари, во државата Сент Томас и Принципе цената е 29,49 долари, во Токелау цената е 17,88 долари, додека листата на Топ 5 најскапи земји со мобилен интернет ја затвора Јемен со цена од 16,58 долари за 1GB.
Овие земји можат да ги припишат високите цени на лошата инфраструктура и ниската потрошувачка.
Македонија е на 66 место со цена од 0,92 долари за 1 GB.
Што се однесува до земјите од регионот, Србија е 56-та со цена од 0,76 долари, Црна Гора е 36-та со цена од 0,70 долари, Хрватска е 124-та со просечна цена од 1,84 долари, Босна и Херцеговина е на 163-то место со просечна цена од 2,82 долари за 1 GB мобилни податоци, додека Словенија го зазеде 117 место со цена од 1,62 долари.
Комплетен извештај со список на сите земји и просечна цена на интернет можете да најдете на овој линк.