Extreme E објави дека Turn 10 Studios ќе биде официјален партнер за игри на оваа тркачка серија.
Договорот меѓу двете страни значи дека франшизата Forza официјално ќе го лиценцира електричниот теренец Extreme E Odyssey 21.
Играчите на Forza Horizon 5 сега можат да го искусат возењето со ова возило, а Extreme E ќе ја промовира играта на Xbox конзолите на сите нејзини претстојни настани.
Ова значи дека тркачките тимови, возачите и ВИП гостите ќе можат виртуелно да возат електрични возила додека се на вистински локации за трки.
Шефот за маркетинг на Extreme E Series, Али Расел, рече дека вложиле многу напор за возењето на Odyssey 21 да биде што поавтентично и да им се даде на играчите најдоброто можно искуство.
Покрај електричниот теренец, гејмерите ќе можат да пристапат и до „облеката“ на сите 10 тима, а ќе можат да отклучат и други изненадувања.