Тим археолози пронашле скелетни остатоци од војници кои загинале за време на битката кај Ватерло во Белгија во 1815 година на бојното поле, а ископувањата се уште траат за да се добијат нови сознанија.
Археолозите пронајдоа човечки останки, како и скелети од коњи. Ископувањата на бојното поле продолжија годинава за прв пат од 2019 година.
„Никогаш нема да бидеме поблиску до суровата реалност на Ватерло од ова. Јас сум археолог на бојното поле 20 години и никогаш не сум видел нешто слично“, рече професорот Тони Полард, директор на Центарот за археологија на бојното поле на Универзитетот во Глазгов и директор на Waterloo Uncovered.
Битката кај Ватерло се водела на 18 јуни 1815 година и го означила крајот на Наполеонските војни. Француската војска под команда на Наполеон била поразена од силите предводени од Велика Британија, односно војводата од Велингтон, и била обединета со пруската војска која ја командувал Гебхард Леберехт фон Блушер.
Историчарите ја опишуваат оваа битка како пресвртница во европската историја која стави крај на амбицијата на Наполеон да владее со поголемиот дел од Европа.
Меѓу наодите во најновите ископувања се и остатоците од три ампутирани екстремитети откриени на фарма во Мон-Сен-Жан во која била сместена главната полска болница на војводата од Велингтон за време на битката.
Десетици илјади војници загинаа во битката, но малку остатоци се пронајдени и зачувани.
Тимот археолози е во фаза на привршување на нивните ископувања.
Поврзани артикли