Компанијата Western Digital објави дека почнува да испорачува нова линија на хард дискови (HDD), чиј капацитет се искачува до неверојатни 22 терабајти (TB).
Новите хард дискови доаѓаат во три варијанти, за да ги задоволат различните потреби на масовниот пазар. Тоа се моделите WD Red Pro, WD Purple Pro и WD Gold.
Breaking barriers with 22TB and our OptiNAND Technology. Learn more https://t.co/7QxTKb2fTF. pic.twitter.com/dY6rpR5Tod
— WD® (@WDCreators) July 19, 2022
WD Red Pro е дизајниран за употреба на NAS и може да поддржува NAS системи до 24-bay. Вклучува NASware 3.0 Technology, има сензор за заштита од удари и контроли за враќање на грешки.
WD Purple Pro е наменет за апликации за надзор и може да поддржува до 64 HD камери со еден пренос или до 32 истовремени преноси со вештачка интелигенција. Работата на дискот е проценет на до 550 TB годишно и има брзина од 7200 RPM.
Конечно, WD Gold е наменет за деловниот пазар, а првенствено е наменет за корисници од ИТ канали и центри за податоци. Компатибилен е со Windows, Windows Server и Linux системи и има кеш од 512MP и брзина до 7200 RPM.
Сите три хард дискови се со цена од 600 долари и ќе бидат достапни наскоро.