TikTok вели дека во текот на следните неколку недели, некој збор или хаштаг ќе може да се стави на „црната листа“, што значи дека видеата со тие хаштагови повеќе нема да може да се гледаат на главните сервиси For You и Following.
По критиките дека им дозволува на тинејџерите да гледаат несоодветни видеа, TikTok сега им дава на родителите два начини да го ограничат пристапот на нивните деца до содржини за возрасни.
Апликацијата воведува две нови опции, едната која овозможува забрана на одредени фрази и хаштагови и другата која ја прилагодува содржината на возраста на корисникот.
Новите функции се дизајнирани да им овозможат на корисниците поголема контрола врз голем број видеа, сè за да избегнат несакани и несоодветни видеа да им бидат достапни на тинејџерите.
За разлика од платформите како YouTube и Vimeo, видеата на TikTok се репродуцираат автоматски. Досега беше вообичаено корисниците на возраст од 13 години да можат да гледаат содржина за возрасни генерирана од алгоритам.
„TikTok не успева да ги заштити децата и тинејџерите од скриено рекламирање и потенцијално штетна содржина“, напиша Европската асоцијација на потрошувачи во февруари во жалбата до Европската унија.
TikTok вели дека во текот на следните неколку недели, конкретен збор или хаштаг ќе може да се стави на „црната листа“, што значи дека видеата со тие хаштагови повеќе нема да може да се гледаат на главните услуги For You и Following.
Видеата сега е можно да се означат со „не сум заинтересиран“, но тоа значи само дека другите видеа објавени од истиот корисник ќе бидат прескокнати.
Со воведување старосно ограничување, TikTok сега има намера да ја класифицира содржината во смисла на соодветност за помладите корисници. Социјалната мрежа вели дека ќе блокира објава за корисници под 18 години доколку утврди дека видеото содржи „комплексни теми“ или „фиктивни сцени премногу интензивни или страшни за помладите корисници“.
Популарната социјална мрежа објави дека системот за блокирање ќе профункционира во следните неколку месеци. Новите корисници треба да ја внесат годината на раѓање и мора да имаат најмалку 13 години.
Доколку родителите ја инсталираат апликацијата на својот паметен телефон, можат да ја активираат опцијата нивното дете да се приклучи на нивниот профил.
Поврзани артикли