TEAMGROUP е познат производител на SSD (Solid State Disk), а компанијата сака да биде подготвена за моментот кога на пазарот ќе се појави следната генерација на овие уреди.
Како реномиран производител на SSD уреди, TEAMGROUP знае како ќе работи следната генерација на овие дискови и затоа подготви ново течно ладење за процесорите, кое функционира и како наменски SSD кулер.
#TEAMGROUP Offers the Best Cooling Solution in the Starting Year of PCIe Gen5 SSDs ?
Learn more ? https://t.co/JyIsm7WBjX pic.twitter.com/bAsm3Og4HT— TEAMGROUP (@teamgroupinc) July 14, 2022
Ова значи едно – следната генерација на SSD-дискови ќе троши повеќе енергија и ќе генерира повеќе топлина.
Компанијата тврди дека следната генерација на SSD-дискови PCIe 5.0 M.2 ќе испорачува секвенцијални брзини на читање и запишување на податоци од над 12000 MB/s, значително надминувајќи ги денешните SSD-дискови PCIe 4.0.
TEAMGROUP тврди дека на овие уреди, кои ќе работат на повисоки работни температури, ќе им треба и соодветно ладење. Затоа е создаден новиот T-Force ARGB систем за ладење на вода, кој ќе може да ги лади процесорите и SSD дисковите од следната генерација.
Ова ќе спречи прегревање на PCIe 5.0 SSD, што ќе им овозможи да испорачаат повисоки нивоа на перформанси.
Поврзани артикли