Во изминатите неколку децении, Scenic се здоби со голема популарност меѓу клиентите, па по прекинот на актуелната генерација, многумина се прашуваат дали ќе има нов миниван? Scenic сепак ќе има, но миниван – не.
Кога Renault Scenic дебитираше на пазарот во 1996 година како варијанта на моделот Megane, веднаш ги освои срцата на европските семејства. Пространа каросерија, со задржување на компактни димензии – беше токму она што клиентите го бараа во тоа време.
Поради успехот на овој миниван, и конкурентите почнаа да прават свои верзии. Во следните години се појавија автомобили како што се Opel Zafira и Citroen Xsara Picasso. Сепак, тоа беше пред четврт век и оттогаш многу работи се променија во автомобилската индустрија.
Денес сите продаваат SUV модели, па така Scenic повеќе не го нуди францускиот производител. Беше заменет со Captur и Megane Conquest.
Сепак, Caradisiac пренесува дека новата генерација на моделот Scenic ќе пристигне во 2024 година, но секако тоа ќе биде SUV. Има ли простор за уште еден модел од ваков тип во понудата на француската компанија?
Неговото присуство во гамата ќе биде целосно оправдано, бидејќи Scenic ќе биде исклучиво електричен. Како што пренесуваат француските медиуми, новиот модел ќе се базира на истата механичка платформа како и електричниот Megane E-Tech.
Ќе има должина од околу 4,5 метри, а меѓуоскиното растојание ќе биде дури 2,83 метри, што ветува многу пространа внатрешност.
Автомобилот ќе ги користи истите погонски решенија како електричниот Megane, односно електричен агрегат од 150 или 220 КС и батерии со капацитет од 60 или 90 kWh. Ќе се произведува во фабриката каде што се произведува Megane E-Tech и каде наскоро треба да биде изграден и електричниот Renault 5.
Како ќе изгледа новиот Renault Scenic?
Тоа не го знаеме со сигурност, но има неколку фотографии/рендери кои можат да се користат како навестување:
Le Scénic est mort, long live the Scénic E-Tech https://t.co/YUkbrdiDij
— CoinBit Pro (@bearbirida) July 5, 2022
Renault Scénic E-Tech, los secretos de un nuevo SUV eléctrico que apunta al Volkswagen ID.4 https://t.co/Gb0Qrsf9Pa @motorpuntoes @renault_esp #CochesEléctricos pic.twitter.com/z8MS8Vk5QA
— Antonio Fernandez (@unaobviedad) June 14, 2022
#Render | 2024 Renault Scenic E-Tech
Nuevo adelanto de cómo podría lucir el retorno del Scenic ➡️➡️ https://t.co/zClPMeEXTZ pic.twitter.com/9Lx3XuAtf9
— CocheSpias (@CocheSpias) April 30, 2022
Секој од нив, во поголема или помала мера, сугерира дека можеме да очекуваме деби на автомобил многу сличен на моделот Megane E-Tech.
И тоа би било добра насока, бидејќи електричниот компакт на францускиот бренд изгледа доста хармонично.
Поврзани артикли