Google Chrome 103 стана дел од стабилниот канал пред неколку недели, а сега Google објави уште едно ажурирање со безбедносни закрпи, вклучувајќи и „0-day“ ранливост.
Chrome за Windows е ажуриран на верзијата 103.0.5060.114 и вклучува четири безбедносни поправки, од кои три се истакнати од самиот Google. Меѓу нив е и поправка за ранливоста од 0 ден, за која не објави повеќе детали.
Google им исплати награди од 7.500 и 3.000 долари на луѓето кои ги пријавија преостанатите два пропуста, додека висината на наградата за откривање на 0-day ранливост сè уште не е одредена.
Chrome за Windows не е единствената верзија што добива закрпи. Chrome за Android доби неколку ажурирања, како и каналот Chrome Extended Stable, кој сè уште е во верзија 102.
За да видите дали најновите ажурирања се достапни за вашиот уред, кликнете на трите точки во горниот десен агол на прозорецот на Chrome, а потоа одете во Help > About Google Chrome.