Корисниците на Инстаграм ширум светот од вчера известуваат за различни проблеми на оваа популарна платформа.
Најголем дел од проблемите ги пријавуваат корисниците на мобилната верзија на Instagram, а на сајтот DownDetector, кој го следи статусот на онлајн сервисите и сајтовите, корисниците пријавуваат проблеми со прикачувањето фотографии за делот Story, доцнење или отсуство на пораки.
Еден од корисниците пријавил и дека му бил прикажан само црн екран, бидејќи апликацијата Инстаграм не ја вчитувала содржината. Околу 87 отсто од корисниците, кои го пријавиле проблемот на DownDetector, доаѓаат од мобилната апликација на услугата.
Инстаграм, засега, не е огласен, па не се знае која е причината за споменатите проблеми на популарниот сервис.