За оние корисници на кои им пречи постојано да внесуваат CAPTCHA текст или да ги пронајдат дадените термини, за да пристапат до некоја страница, решението доаѓа во iOS 16 верзијата.
iOS 16 на Apple може да им помогне на корисниците да ги избегнат CAPTCHA антиботските системи, кои стојат помеѓу корисниците и најавувањето на сајтовите. За време на конференцијата WWDC 2022, Apple даде детали за системот Private Access Token за iOS 16, iPadOS 16 и macOS Ventura, кој го прескокнува CAPTCHA за некои апликации и сајтови.
Откако ќе ја одобрите Automatic Verification функцијата, поддржаните страници ќе користат iCloud за да ги потврдат и Apple ID и уредот на корисникот, нудејќи токени како доказ за кредибилитетот на корисникот.
Apple истакнува дека уредите нема да споделуваат чувствителни податоци кои се поврзани со сметката на корисникот (како што се адресата на е-пошта или телефонскиот број). Компанијата исто така нема да знае кој го бара барањето за верификација, така што не може да ги поврзе тие проверки со одредени провајдери.
Системот на токени се карактеризира како подобар за приватност на корисникот бидејќи не ја следи IP адресата. Исто така, може да ја подобри пристапноста, бидејќи страниците за кои е потребна CAPTCHA верификација би биле покорисни за лицата со посебни потреби.
Дополнително, технологијата би можела да има поширока примена, надвор од екосистемот на Apple. Apple со компаниите Cloudflare, Fastly и Google работеше на тоа да овозможи Private Access Tokens отворен стандард.
Поврзани артикли