Дефектот на серверите Cloudflare доведе до пад на голем број интернет услуги и сајтови, вклучувајќи и некои големи имиња.
Компанијата за онлајн безбедност Cloudflare брзо реагираше во идентификувањето на проблемите и отстранувањето на последиците, по што серверите беа обновени и функционални.
Не е познато што точно е причината за падот на системот, а Cloudflare на својот официјален профил на Твитер истакна „дека проблемите се идентификувани и дека корекцијата е спроведена“.
The issue has been identified and a fix is being implemented.
— Cloudflare (@Cloudflare) June 21, 2022
Според извештајот на Cloudflare, инцидентот бил пријавен утринава околу 08:30 часот, проблемот бил идентификуван дваесет минути подоцна, додека исправката била вметната околу 9:20 часот.
More Sites Reporting
❌ Coinbase
❌ Google Services
❌ NordVPN
❌ ARK Survival Evolved
❌ Grindr
❌ Omegle— GhostfromTexas (@GhostfromTexas) June 21, 2022
„Во поголем број региони е прекината врската во рамките на мрежата Cloudflare“, посочуваат од оваа компанија.
Сајтовите кои се погодени од овој проблем вклучуваат Crunchyroll, Amazon Web Services, Google Services, NordVPN, Coinbase, Grindr, Fur Affinity, Discord, DoorDash, League of Legends и многу други.