Samsung Galaxy Note 20 и Note 20 Ultra би можеле да останат во историјата како последни Note телефони, доколку политиката на Samsung не се промени во таа насока.
Минатата година не пристигнаа наследниците на овие телефони, но оваа година беше претставен Galaxy S22 Ultra, кој се наметнува како наследник на телефонот Note 20 Ultra. Сепак, во името го нема зборот Note. Овие два смартфони сега добиваат нова надградба, која покрај безбедносната закрпа, носи и нешто многу поважно.
Samsung Galaxy Note 20 и Note 20 Ultra беа претставени во 2020 година со Android 10. Телефоните се веќе надградени на Android 11 и Android 12, односно One UI 3.0 и One UI 4.0 на Samsung. Но, покрај тоа, овие телефони ја добија надградбата One UI 4.1 на крајот на третиот месец од оваа година.
One UI 4.1 донесе исправки на багови и безбедносни закрпи на овие телефони, паметен календар кој ги чита датумите од сите апликации за размена на пораки и овозможува полесен влез во апликацијата Календар. Апликацијата Samsung Pay исто така е подобрена, а има и функција RAM Plus за виртуелно проширување на RAM меморијата.
Сега овие два телефони добиваат безбедносна закрпа за шестиот месец од 2022 година. Заедно со него, ажурирањето носи нешто многу поважно – подобрени се функциите на камерата. Samsung не прецизираше точно за какви подобрувања се работи, освен што е наведено дека е подобрена функцијата за ноќен портрет.
Новата надградба за Samsung Galaxy Note 20 и Samsung Galaxy Note 20 Ultra доаѓа со број на фирмверот N98XU1UEU2FVEB и моментално е достапна во САД за заклучени уреди. Сепак, се очекува Samsung многу брзо да започне со испорака на надградбата до другите корисници на овие телефони ширум светот.