BYD претходно соопшти дека го прекинала производството на традиционални бензински возила од март.
Кинескиот производител на електрични возила BYD има пазарна капитализација од повеќе од 128 милијарди долари заклучно со 8 јуни 2022 година, што го прави трет највреден производител на автомобили во светот по пазарна капитализација, според статистичките податоци објавени од CompaniesMarketCap.
Компанијата е од Шенжен, од провинцијата Гуангдонг, која ја поддржува легендарниот инвеститор Ворен Бафет, а беше единствениот производител на автомобили од Кина кој е меѓу првите десет, пишува serbian.cri.cn.
Компанијата постави уште еден рекорден месец во продажба и производство во мај, со двете бројки над 100.000.
Според кинеската асоцијација на производители на автомобили, минатиот месец, продажбата на возила BYD, на нова енергија, се зголемила за 148,28%, во споредба со истиот период минатата година, на 114.943. Во текот на првите пет месеци, BYD продаде 512.363 единици NEV автомобили, што претставува зголемување од 161,85% на годишно ниво.
BYD претходно соопшти дека го прекинала производството на традиционални бензински возила од март. Во иднина, автомобилскиот бизнис на BYD ќе се фокусира на чисти електрични возила и хибридни електрични возила.
Со падот на епидемијата на Ковид-19, пазарната капитализација на кинеските производители на автомобили неодамна покажа тренд на раст бидејќи домашниот автомобилски сектор продолжува да произведува.
Кинескиот Great Wall Motors, со пазарна капитализација од 39 милијарди долари, го престигна Ferrari на 11-то место. Nio и SAIC Motor се рангирани на 13 и 16 место.
Сè на сè, Tesla со пазарна капитализација од 742,46 милијарди долари ја презема круната на ранг листата. Toyota го освои второто место, додека Volkswagen и Mercedes-Benz се на четврто и петто место.
Поврзани артикли