Rimac ќе произведе 150 автомобили Nevera по цена од 2 милиони евра по примерок.
По пет години развој, се чини дека Nevera на Rimac, електричен хиперспортски автомобил е подготвен за продажба. Тоа го докажуваат табличките на овој автомобил, но и објавата на Мате Римац на Фејсбук:
„После 5 години развој, над 1.000 луѓе во проектот, произведени 17 прототипови, 45 crash тестови, 9 автомобили уништени за време на овие тестови и илјадници други тестови – денес редовно се регистрира првата Nevera. Засега во Хрватска и наскоро во многу други земји. Еве ги тие таблички, дури и со печат. Ќе биде интересно да ги видиме наскоро со таблички на Монако, Обединетото Кралство, САД, Германија, Јапонија, Канада итн.“
Со четири електрични мотори, Nevera има 1914 КС и 2360 Nm вртежен момент. Достигнува 100 km/h за 1,97 секунди.
Rimac ќе произведе 150 автомобили Nevera по цена од 2 милиони евра по примерок.
Поврзани артикли