SCS Software го објави најновото DLC за играта Euro Truck Simulator 2, насловена како Western Balkans. DLC внесува нови земји од овој регион во игра.
На списокот на земји кои ќе бидат вклучени во ова DLC се Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и други околни земји.
Беше прикажано видеото за кое се наведува дека се уште е во процес на развој, но во соопштението се наведува дека играчите можат да очекуваат бројни новитети кои ги нудат споменатите земји.
Ова ги вклучува природата, индустријата, спомениците, потоа патната мрежа, како и други важни локации и други возбудливи содржини.
Засега нема официјален датум кога Euro Truck Simulator 2: West Balkans DLC ќе биде пуштен во продажба.