Производителот на автоделови Magna има нова технологија Breakthrough Lighting, која му овозможува да ја претвори целата задна врата на возилото во светлосен елемент.
Иновативното осветлување се крие во материјалот додека не се запали, што го прави да изгледа како обичен панел на каросеријата. Ова го олеснува вградувањето на осветлувањето во дизајнот на возилото.
Во меѓувреме, благодарение на употребата на термопластични материјали, панелите за осветлување може да се обликуваат во сложени форми, што пак го олеснува нивното додавање во возилото.
Новите светла би можеле да бидат интересни за дизајнерите, но и за инженерите, кои дури би можеле да дизајнираат предупредувачки пораки на задниот дел од возилото, според списанието HAK.
Magna очекува Breakthrough Lighting да биде подготвен за производство во 2023 година, а ние остануваме со прашањето колку ќе чини кога ќе се расипе или кога некој ќе го удри вашето возило во задниот дел и ќе направи Breakthrough…