Креаторите од YouTube пресметаа колку пари се потребни за максимално да се „разбуди“ вашиот лик во Diablo Immortal преку опцијата Legendary Gem во играта. Конечната цена е шестцифрена (во долари).
Activision Blizzard пред неколку дена го објави Diablo Immortal кој од различни причини со денови се појавува во насловите на медиумите. Еден од нив е моделот на микротрансакции што го применува играта.
Diablo Immortal е бесплатна игра (F2P – free-to-play), но како и повеќето наслови како овој, постојат неколку начини на кои играчите можат да го поддржат континуираниот развој на играта.
Сепак, Diablo Immortal можеби отиде чекор подалеку. Според наводите и пресметките на YouTube каналот Bellular News, уникатниот систем за монетизација во играта е создаден на таков начин што создавањето на најдобриот можен лик во играта ја прави многу скап потфат.
Во срцето на сето тоа е што Diablo Immortal им дозволува на играчите да купуваат таканаречени Legendary Gems. Тој е еден од трите столба за напредок во играта (покрај редовна опрема и XP левелување).Legendary Gems ја диктираат „endgame“ прогресијата надвор од она што е можно откако ќе го достигнете максималното ниво во Diablo Immortal.
Во моментов, free-to-play играчите не можат да ги заработат овие премиум Legendary Gems. Тие се достапни само преку некои опции за монетизација во играта, и како што пресметаа креаторите на YouTube, целосното опремување на ликот ефективно ќе го чини играчот 110.000 долари, врз основа на моменталната економија на играта.
Мет и Мајкл од каналот Bellular News истакнуваат дека на обичен F2P плеер, кој не користи Legendary Gems, би му требале околу 10 години за целосно да го опреми ликот, во сегашната верзија на играта. Legendary Gems не се загарантирани дури и за оние кои плаќаат за нив и се добиваат по случаен избор при купување на Legendary Crests (или loot box-ови).
По објавувањето, првите впечатоци се дека Diablo Immortal го прикажува вистинското Diablo искуство на повеќе позитивни начини отколку на негативни. Заедницата за игри го пофалува основниот систем на игра, иако многумина изразија скептицизам кога станува збор за системот за монетизација на играта.
Diablo Immortal моментално е достапен за iOS, Android и компјутер.
Поврзани артикли