Извршниот директор на Ford, Џим Фарли, верува дека пазарот на електрични автомобили наскоро ќе влезе во ценовна војна која ќе предизвика идни подостапни модели.
„Верувам дека ќе започне голема ценовна војна бидејќи трошоците за производство на електрични возила ќе паднат до тој степен што во наредните години производителите на автомобили ќе се борат меѓусебно за да продаваат електрични возила по цена од 25.000 долари“.
„Материјалите за изградба на тоа возило ќе чинат околу 18.000 долари“, изјави Фарли за ABCNews.
Тој истакна дека Mustang Mach-E започнува од околу 45.000 долари, но само батеријата на Ford чини 18.000 долари. Според него, тоа не остава многу простор за пониски цени, пренесува Јутарњи.хр.
„Новите електрични модели исто така ќе бидат дизајнирани за оптимална аеродинамика за да можат да користат најмала можна батерија за поголем опсег. Редизајнирањето на каросеријата на електричното возило за помал отпор на ветер може да го зголеми досегот за 120 километри од батерија со иста големина“, заклучи Фарли.