WhatsApp моментално е платформа број еден за испраќање пораки, па не е невообичаено што често е мета на измамници. Затоа компанијата планира некои важни промени во процесот на најавување на сметката.
Според WABetaInfo, WhatsApp сега работи на нова функција која најверојатно ќе се појави прво на iOS верзијата, а потоа и на Android.
Секогаш кога корисниците се обидуваат да го регистрираат својот телефонски број на друг паметен телефон, WhatsApp ќе бара втор код за потврда од главниот уред за да се увери дека вистинскиот сопственик е тој што се обидува да го додаде новиот уред.
„Бројот XXX веќе се користи за WhatsApp на друг телефон. За да бидете сигурни дека вашата сметка е под ваша контрола, треба да потврдите друг код за верификација. За дополнителна безбедност, треба да почекате да заврши тајмерот пред да можете да го испратите кодот. Кога добивате код, внесете го овде“, стои во известувањето што се појавува на новиот уред.
Доколку биде како што компанијата планира, WhatsApp ќе биде првата апликација од ваков вид што поддржува двоен код за потврда, што може да биде крајно решение за да се спречи кражба на сметката кога не е овозможена проверката во два чекора. Оваа функција има смисла, особено затоа што WhatsApp ја проширува достапноста на поддршка за повеќе уреди за сметките на WhatsApp.
Оваа функција се уште е во фаза на развој, па ќе ја чекаме уште некое време.
Но, штом ќе биде достапна, ќе биде многу потешко да се добие пристап до туѓа сметка на WhatsApp, особено затоа што пристапот до кодот за потврда ќе биде многу потежок бидејќи ќе се користи двојна потврда.
Поврзани артикли