Барем неколку месеци нè делат од официјалното претставување на телефонот Samsung Galaxy Z Flip4, но веќе некое време знаеме како ќе изгледа смартфонот, благодарение на рендерите кои се појавија минатиот месец.
Веќе се појавија и неколку спецификации за Galaxy Z Flip4, а сега се појави комплетна листа на спецификации за Galaxy Z Flip4, што ни дава појасна слика за флексибилниот телефон на Samsung за 2022 година.
Изворот тврди дека Samsung Galaxy Z Flip4 од самиот почеток ќе работи со One UI 4, базиран на Android 12 и ќе има чипсет Snapdragon 8+ Gen 1 SoC и 8 GB RAM и две опции за складирање – 128 GB и 256 GB. Тие информации се во согласност со листата на Geekbench, каде што телефонот е забележан со чип Snapdragon 8+ Gen 1, 8GB RAM и Android 12.
Сепак, додека претходните гласини тврдеа дека Samsung Galaxy Z Flip4 ќе пристигне со батерија од 3400 mAh, извор во новите гласини вели дека паметниот телефон ќе има батерија од 3700 mAh со поддршка за полнење со кабел од 25 W и поддршка за безжично полнење од 10 W (Flip3 имаше полнење од 15 W преку кабел).
Galaxy Z Flip4 ќе има 6,7-инчен FullHD + 120Hz AMOLED екран со слот за селфи камера, кој ќе биде централно поставен како кај неговиот претходник. Надворешниот екран треба да биде малку поголем од неговиот претходник, поточно – зголемување од 1,9 на 2,1 инчи.
Се очекува уредот да има селфи сензор од 10 MP, додека на задната страна ќе има две камери – примарен сензор од 12 MP и широкоаголен сензор од 12 MP.
Поврзани артикли