Запознавањето со колегите додека работите од далечина не е секогаш лесно, а Slack сега воведува голем број нови функции за корисничките профили кои треба да ги олеснат работите.
Новите функции вклучуваат опции за „водич“ за изговарање на името, без разлика дали се работи за снимање звук или додавање фонетски правопис. Нов pop-up интерфејс за корисничка картичка се појавува кога корисникот лебди над нечие име, а Slack исто така ги реорганизираше полињата во корисничките профили кои се поедноставени во три модули, Contact info (информации за контактот), People (соработници) и About Me (детали за корисникот, јазици кои ги зборува, датум на почеток на работењето итн.).
Примерот прикажан од Slack го покажува целосниот кориснички профил лево, како и pop-up картичка од десната страна.
Во суштина, Slack направи повеќе информации подостапни.
Новитетите се веќе дел од Slack, но полека стигнуваат до сите корисници.
Поврзани артикли