Популарната апликација за пораки Viber работи нормално откако имаше еден час пречки.
Viber „падна“ утрово и се уште не се знае причината за моменталниот прекин и отежната работа.
Многумина не можеа да праќаат пораки или да повикуваат преку апликацијата. Пораките доцнеа, па стигнаа дури по 7, 8 минути.
Популарниот сајт за следење на статусот на онлајн услугите, Down Detector, наведува дека информациите за исклучување почнале да пристигнуваат утринава околу 9 часот, а сега на истиот сајт стои дека нема извештаи за работата на оваа апликација.