Компанијата Vivo го претстави својот најнов водечки паметен телефон, X80 Pro.
Најзначајната хардверска промена кај X80 Pro е поголем сензор за отпечатоци интегриран во екранот. Активната површина е поголема во споредба со помалите сензори кои се дел од повеќето телефони со Android, што значи дека X80 Pro полесно ќе се отклучува без да се гледа во екранот.
Сензорот има некои други предности бидејќи е можно да се регистрира отпечатокот од секој прст со само еден допир на екранот, наместо стандардното кревање на прстот и повторно притискање на екранот. Сензорот е многу брз, дури и кога рацете или екранот ви се влажни. Поголемата површина нуди и можност за скенирање на два отпечатоци од прсти за поголема безбедност.
Таканаречениот 3D Ultrasonic Large Fingerprint Sensor е технологија развиена од Qualcomm и наречена 3D Sonic Max. Овој сензор веќе е користен од подбрендот IQOO на Viv фокусиран на игри. X80 Pro претставува меинстрим употреба на оваа технологија.
Компанијата Vivo беше првата што имплементираше технологија на сензор интегрирана во екранот, а тоа се случи во 2018 година. Поголема површина на скенираниот отпечаток од прст е прикажана на концептот Apex, вклучувајќи ја full-display верзијата во неговиот модел од 2019 година, но X80 Pro е еден од првите комерцијално достапни уреди што има модул поголем од врвот на прстот.
Vivo е познат и по добрите камери, а X80 Pro доби Zeiss камери, главната од 50, ултра широката од 48, 2x телефото 2x од 12 и 5x телефото со перископ од 8 MP. Разликата е во тоа што леќите 2x сега користат гимбал оптичка стабилизација на Vivo.
Vivo го користи и V1 Plus чипот за обработка на фотографии, кој е ефикасен во тешки ситуации како што е ноќното снимање видео. Исто така, X80 Pro има режим „cinematic video bokeh“ дизајниран да го имитира овалниот ефект на боке што се гледа во сцените со мала длабочина на поле снимени со анаморфните леќи Zaiss. Од Viva велат дека овој чип троши помалку енергија.
Другите спецификации се специфични за смартфонот Android од 2022 година, X80 Pro работи со процесор Snapdragon 8 Gen 1, има 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, доби заоблен OLED екран од 6,78 инчи со резолуција од 1.440 p и стапка на освежување од 12Hz, а се напојува со батерија од 4.700 mAh која поддржува жично полнење од 80W и безжично полнење од 50W преку системот FlachCharge.
Цените се уште не се познати, а паметните телефони ќе се продаваат на пазарите во Европа, Индија и Источна Азија.
Поврзани артикли