Македонскиот BtoBet ги отвори своите нови канцеларии во Битола. Еден од водечките снабдувачи на софтвер за спортско обложување во светски рамки, продолжува да инвестира во проширување на својот технолошки развоен центар со седиште во Македонија. Со овој чекор, компанијата ќе го прошири својот тим експерти кои стојат зад врвните технологии кои BtoBet ги испорачува.
„Среќни сме што во континуитет ги реализираме нашата стратешки цели и обезбедуваме стабилен раст на компанијата. Дополнувањето на Битола во нашата мрежа на иновативни центри и канцеларии дополнително ќе ја зголеми можноста за ангажирање на најдобрите таленти на пазарот кои ќе имаат прилика да го реализираат својот потенцијал во интернационална работна средина. Како дел од групацијата Aspire Global која го покрива целиот синџир на вредности во “iGaming” индустријата, BtoBet има јасна цел да ја одржи својата водечка позиција, а токму ваквите инвестиции го поддржуваат тој стремеж“, вели управниот директор на BtoBet, Зоран Спасов Ѕоф.
И според оперативниот извршен директор на BtoBet, Дима Ридерман, оваа одлука за BtoBet претставува сериозен исчекор во насока на одржување на моментумот на раст на компанијата.
„Резултатите кои секојдневно ги бележиме на глобално ниво се благодарение на квалитетните кадри кои ја сочинуваат компанијата. Предноста на BtoBet е што нашиот фокус на дигитална и продуктна иновативност одлично се вклопува во технолошкиот фонд на таленти со кои Македонија располага. Со оваа инвестиција, очекуваме одржување, но и унапредување на нивото на иновативност во продуктите за спортско обложување кои ги нудиме, а кои се базирани на врвни технологии за најдобро играчко искуство“, изјави Ридерман.
Покрај иновативниот центар во Битола, македонската компанија има свои канцеларии во Скопје и Охрид, и претставништва во Малта, Италија и Гибралтар.
Поврзани артикли