Има по нешто за секого – V8, хибрид, plug-in хибрид и електрична верзија.
Новиот Range Rover Sport се надоврзува на дизајнерската насока што ја видовме минатата година на новиот Range Rover, со поспортски надворешен изглед и позаоблени линии.
Визуелните разлики меѓу двата модели се забележуваат на прв поглед, а најмногу се забележуваат во задниот дел каде што верзијата Sport има поконвенционален облик на стоп светло.
Должината на Range Rover Sport е 4.946 mm, ширината е 2.209 mm (со ретровизори), а висината е 1.820 mm, додека растојанието помеѓу оските е 2.997 mm. На купувачите ќе им биде достапен прилично голем багажник од 647 литри.
Внатрешноста е едноставна, минималистичка и конзервативна по изглед, со мултимедијален систем со голем екран кој доминира на централната конзола, но и со физички контроли за климатизација и вентилација, што е за пофалба.
Покрај гореспоменатиот екран во форма на таблет, има и дигитализирана табла со инструменти.
Кога станува збор за погонските системи, на купувачите првенствено им се нудат класични бензински трилитарски мотори со 6 цилиндри, во опции со 360 и 400 коњски сили.
Има и два plug-in хибриди, кои комбинираат електричен мотор и 6-цилиндричен бензинец од 3,0 литри. Послабиот има вкупно 440 КС, а посилниот 510 КС. Автономијата во електричното возење е 113 km според циклусот на мерење WLTP.
Достапни се и „лесни“ хибриди (без опција за полнење на батеријата преку кабел). Основата на хибридниот систем е 3,0-литарски 6-цилиндричен, а достапни се варијанти со 250, 300 и 350 „коњи“.
На врвот на гамата е 4,4-литарскиот V8, кој произведува над 530 КС. Сите верзии на новиот Range Rover Sport користат исклучиво 8-брзински автоматски менувач ZF, додека погонот на сите тркала е стандарден.
Производителот најави и целосно електрична варијанта за 2024 година.