Иако малкумина беа заинтересирани за Internet Explorer, се чини дека Microsoft работи многу подобро кога станува збор за интернет прелистувачот Edge.
Според најновата статистика на аналитичката компанија Statcounter, Edge штотуку го надмина Safari и стана вториот најпопуларен интернет прелистувач кога станува збор за десктоп платформите.
Анализите покажуваат на кој начин Microsoft Edge полека напредуваше во споредба со Safari, уште од март 2021 година. Google Chrome останува неприкосновен, најпопуларен веб-прелистувач.
Статистиката, во областа на најпопуларните десктоп прелистувачи на пазарот, изгледа вака:
Google Chrome: 66,64%
Microsoft Edge: 10,07%
Safari: 9,61%
Со оглед на тоа што корисничката база на Windows е значително поголема од Apple Mac, логично е Microsoft Edge да има поголем потенцијал за раст од Safari. Од друга страна, можно е помалку сопственици на Mac да користат Safari како главен прелистувач за десктоп.
Интересно е тоа што Firefox, кој за малку го надмина Safari во февруари, сега изгуби повеќе активни корисници и држи 7,86% од пазарот. Не се знае дали се префрлиле на Chrome или Edge.
Другите прелистувачи сочинуваат вкупно 2,5% од корисничката база, додека Opera ја користат 2,44 проценти од вкупниот број корисници на десктоп интернет прелистувачи.
Поврзани артикли