Научниците користат роботи за да проучат колку се ранливи морските екосистеми и како климатските промени влијаат на Антарктикот.
Малиот робот Echo има тркала и се движи и „шпионира“ пингвини на Антарктикот.
„Echo е автономно возило кое влегува во колонија на пингвини и ги „скенира“ барајќи ги оние што се означени претходно, за да види дали се вратиле во колонијата. Користењето на автономни опсерватории и автономни возила ќе ни овозможи да ги проучуваме животните во текот на целата година и на повеќе локации“, вели научникот Даниел Зитебарт.
Научниците сакаат да научат што е можно повеќе, а да влијаат на животните што е можно помалку. Новата технологија ќе им овозможи да добијат увид во влијанието на климатските промени врз морските животни како пингвините.
„Ова беше добро искуство во смисла дека сфативме дека птиците добро гo прифаќаат роботот Echo. Нашата цел е да имаме информации за дистрибуцијата на птиците на море од година во година. Ако одат многу далеку од колонијата одредени години или неколку години по ред, на пример тогаш можеш да заклучиш дека таму нема повеќе храна. Нешто се случува во екосистемот. Сакаме да следиме повеќе резултати и промени од година во година, деценија по деценија за да видиме како еколошките и климатските промени влијаат на тие ресурси“, рече Селин Ле Бохек, истражувач од Научниот центар во Монако.