Актуелниот Ford Mustang беше најпродаваниот спортски автомобил во светот минатата година, според анализата заснована на податоците за регистрација објавени од S&P Global Mobility.
Според Motor1, Ford успеал да продаде нешто помалку од 70.000 Mustang ширум светот во 2021 година, иако таа бројка не го вклучува целосно електричниот кросовер Mach-E.
Генерално, компанијата вели дека Соединетите Американски Држави учествувале со 76 отсто од вкупната продажба на Mustang во 2021 година.
Пазарите со најголем пораст на побарувачката за Mustang беа Нов Зеланд (плус 54,3 проценти), Бразил (+ 37,3 проценти) и Јужна Кореја (+ 16,6 проценти).
Мустангот е најпродаваниот спортски автомобил во светот седум години по ред, иако 2022 година може да биде поголем предизвик за овој автомобил.
Во првите три месеци од оваа година, продажбата на Mustang во САД падна за 19 отсто, но моделот на Ford сепак ја зазеде круната на најпродаван автомобил во земјата со 13.986 примероци.
Dodge Challenger беше втор со 11.124 возила, следен од Chevrolet Camaro со 6.710 продадени возила.
Во меѓувреме, работата на следната генерација на Mustang продолжува и ќе биде подготвен за моделската 2024 година.