Autofill oпцијата на Microsoft Authenticator добива нови интересни функции, а Microsoft најави дека корисниците сега ќе можат да креираат силни лозинки за да ги заштитат своите сметки.
Microsoft Authenticator веќе почна да ги добива карактеристиките на многу напредна услуга за управување со лозинка, но со оваа нова функција влегува на територија на која досега доминираа услугите како LastPass или Enpass.
„Autofill ви помага да останете побезбедни на интернет со создавање посилни, уникатни лозинки со различни комбинации на броеви и знаци, со помош на нашиот нов Password Generatora секој пат кога ќе креирате сметка или ја менувате лозинката. Ако имате проблем да креирате нови лозинки, запомнувањето на старите е уште потешко. Autofill ќе ги запомни лозинките генерирани за вас без разлика кој уред го користите“, се вели во соопштението на Microsoft.
Microsoft исто така истакна и други карактеристики на апликацијата, како што е силното шифрирање (енкрипција), кое ги блокира другите да пристапат до вашите податоци. Опцијата за креирање посилни лозинки е достапна во најновата верзија на апликацијата Microsoft Authenticator за Android и iOS платформи.