OnePlus претстави сосема нов телефон OnePlus Ace. Ова е првиот модел од новата серија на компанијата.

OnePlus Ace користи чипсет Dimensity 8100 Max, комбиниран со 8 GB или 12 GB меморија и простор за складирање до 512 GB. Дисплејот е од типот AMOLED, со големина од 6,7 инчи и нуди FHD + резолуција и стапка на освежување од 120 Hz.

Спецификациите се препознатливи, бидејќи OnePlus Ace има многу сличности со моделот Realme GT Neo3 – OnePlus и Realme, кои се дел од компанијата BBK. Во споредба со другите телефони од линијата OnePlus, Ace има неколку интересни разлики.

На пример, има центриран „punch-hole“ отвор за селфи камера од 16 MP, што е првпат за овој бренд бидејќи претходните модели имаа отвор во аголот на горниот дел од екранот. Исто така, нема „alert“ слајдер, што е една од карактеристиките на брендот од неговото основање.

Кога станува збор за камерите, OnePlus Ace користи главен сензор од 50 MP со поддршка за OIS, заедно со ултра широка камера од 8 MP и макро сензор од 2 MP. Оперативниот систем е Android 12, со кориснички интерфејс ColorOS 12.1.

Сè се напојува со батерија од 4500 mAh, со поддршка за 150 W SuperVOOC брзо полнење. Од OnePlus истакнуваат дека батеријата може да го наполни телефонот до 50% за само пет минути. Додадени се некои мерки за заштита на батеријата кои ја регулираат топлината и другите параметри.

OnePlus Ace е достапен во црна и сина боја, а прво ќе се продава во Кина. Цената на телефонот е околу 390 долари за моделот со 8 / 128 GB, околу 420 долари за варијантата со 8 / 256 GB и околу 465 долари за верзијата со 12 / 256 GB.