Најголемиот стартап настан во Централна Европа – фестивалот ViennaUP – ќе се одржи во Виена по втор пат од 27 мај до 3 јуни.
Фестивалот е наменет за стартапи, инвеститори, технолошки ентузијасти, визионери, но и за сите оние кои се заинтересирани за паметните градови. Откако минатата година се одржа исклучиво во дигитална рамка, годинешниот ViennaUP ќе се организира во живо и во хибриден формат. Иницијатор на фестивалот е Виенската бизнис агенција.
Паметните градови, креативните индустрии и fintech се само некои од главните моменти на овогодинешниот фестивал ViennaUP со повеќе од 30 настани, вклучувајќи конференции, вмрежување, работилници и предавања. Програмата го отвора хакатонот Sustainable Blockchain, каде програмерите, дизајнерите и другите заинтересирани ќе имаат можност да креираат револуционерни апликации и да освојат вредни награди.
Во рамките на фестивалот, на 30 и 31 мај по втор пат ќе се одржи Самитот на паметни градови, кој ќе се однесува на предизвиците за создавање паметни градови. Градот Виена, Виенските комунални услуги, Aspern Smart City Research и Виенската бизнис агенција ги покануваат сите заинтересирани на дијалог за создавање на градовите на иднината.
Smart City Самит ќе вклучува предавања и работилници во хибриден формат, со фокус на теми како климатска неутралност, иновации, учество, инклузивен град без бариери и град на кратки растојанија. Не е потребна котизација, а сите заинтересирани можат да се пријават преку www.smartcitysummit.at.
Минатата година, првото издание на ViennaUP обедини многу домашни и меѓународни стартапи, инвеститори, компании и нови таленти на интернет, давајќи им можност да се поврзат на меѓународно ниво и подобро да ја запознаат разновидната виенска стартап заедница.
Поврзани артикли