По неколку неуспешни тестови за полнење гориво на следната генерација на ракета SLS, американската вселенска агенција НАСА одлучи да ја врати во вселенскиот центар Кенеди.
Тестирањето на лансирната рампа е прекинато и се уште не се знае кога ќе продолжи, а се очекуваат поправки во вселенскиот центар за ракети SLS. Проблемите со снабдувањето со азот ги одложија и претходните два теста.
НАСА, исто така, има намера да ја искористи оваа можност за да го замени неисправниот вентил за хелиум, како и да го реши проблемот со мали истекувања на водород што техничарите го открија на еден од доводите за гориво поврзан со мобилната лансирана кула.
Од 1 април, НАСА трипати се обиде да спроведе тестирање важно за мисијата Artemis 1, што вклучува патување до Месечината. Станува збор за тестирање на процедурата за одбројување низ која ќе помине SLS кога мисијата ќе започне нешто подоцна оваа година. НАСА последен пат се обиде да го направи тестот на 14 април, но беше прекинат откако беше откриено споменатото истекување на водород.
Одложувањето може да влијае на крајниот рок за мисијата Artemis 1, а НАСА нема да објави датум за лансирање додека SLS не ги помине планираните тестови. И покрај проблемите, НАСА е оптимист.
„Нема сомнеж дека ќе спроведеме тестови кои ќе не одведат на следниот чекор во кампањата. Ќе ги преземеме тие чекори и ќе ја лансираме оваа ракета“, изјави директорот за лансирање на мисијата Artemic, Чарли Блеквел-Томпсон.
Поврзани артикли