Играта не беше достапна за мобилните уреди веќе некое време, бидејќи Rovio се фокусираше на поновите производи на Angry Birds. Сепак, Angry Birds се враќа на Android и iOS платформите.
Токму на време за да се прослави десетгодишнината од играта, оригиналниот Angry Birds се враќа во Apple App Store и Google Play Store. Оригиналната игра беше тивко повлечена од продавниците за мобилни апликации во текот на 2019 година.
Angry Birds сега се враќа како комплетен римастер, со наслов Rovio Classics: Angry Birds. Ажурираната верзија на играта е близок клон на оригиналната игра, но наместо свој и прилагоден мотор, користи Unity.
Angry Birds на App Store и Google Play продавниците чини 0,99 долари. Оригиналната игра беше бесплатна, но имаше купувања во рамките на апликацијата. Новите Angry Birds го немаат тоа, така што „Mighty Eagle“ и другите додатоци се достапни веднаш и не мора да ги купувате дополнително.
Играта е достапна за преземање од споменатите продавници за апликации, а за да се стартува потребен е Android 6.0 или понова верзија или iOS 13 или понова.