Пациентите со дефицит на витамин Д имале 14 пати поголема веројатност да имаат тешка или критична форма на болеста КОВИД-19 отколку оние со доволни количини на витамин Д во телото.
Една неодамнешна студија на тим научници од Медицинскиот факултет Азриели при израелскиот универзитет Бар-Илан и израелскиот медицински центар Галилеја сугерира врска помеѓу недостатокот на витамин Д и сериозноста на болеста предизвикана од инфекцијата со КОВИД-19.
Објавено во списанието PLOS ONE, студија на израелски научници ги проучувала нивоата на витамин Д кај 1.176 пациенти хоспитализирани со позитивен резултат на ПЦР тест помеѓу април 2020 година и февруари 2021 година на Медицинскиот центар Галилеја. Нивоата на витаминот Д беа засновани на пред-болнички тестирања „или како дел од рутински тест на крвта или по клиничко сомневање за недостаток на витамин Д“. Овие лабораториски резултати се појавија 14 до 730 дена пред позитивните тестови за КOVID-19.
Пациентите со дефицит на витамин Д (дефиниран како помалку од 20 ng / mL) имале 14 пати поголема веројатност да имаат тешка или критична форма на болеста COVID-19 отколку оние со повеќе од 40 ng / mL витамин Д. Покрај тоа, стапките на смртност на пациентите кои имаа доволно нивоа на витамин Д била само 2,3 проценти, во споредба со високите 25,6 проценти за пациентите во групата со недостаток на витамин Д.
Овие впечатливи разлики беа откриени дури и откако истражувачите ја проверија возраста, полот и историјата на хроничните болести на пациентите. Бидејќи нивото на витамин Д беше проценето пред инфекцијата, студијата го избегнува проблемот дека недостатокот на витамин може да се должи на инфекција со самиот вирус САРС-КоВ-2.
Витаминот Д одамна е познат по своите многубројни здравствени придобивки како што се промовирање на здрави коски и заби, поддршка на имунолошкиот систем и намалување на ризиците по здравјето на кардиоваскуларниот систем. И за време на пандемијата, лекарите ги советуваа своите пациенти да земаат витамин Д бидејќи мислеа дека може да помогне во зајакнувањето на нивниот имунолошки систем, и покрај малите директни емпириски докази за поддршка на тој совет.
Поврзани артикли