Научниците од Универзитетот Харвард направија роботска риба од човечки срцеви клетки, што е чекор кон создавање вештачко срце.
Се работи на тоа да оштетеното срце биде заменето за еден ден, со што би се спасиле животи на голем број луѓе. Роботската риба е всушност биохибриден уред чиишто двете страни на перката имаат срцеви клетки. Кога едната страна се собира, другата се протега.
Секое истегнување предизвикува биолошки сигнал кој предизвикува контракција на клетките. Научниците направија и еден вид пејсмејкер кој е вграден во рибите. Го регулира ритамот и фреквенциите на движење.
Рибите можат да пливаат 100 дена, а за време на пливањето стануваат посилни и побрзи. Таа е само еден чекор на долго патување. Се проучуваат основните механизми кои го стимулираат срцето.
Крајната цел е да се создаде вештачко срце за луѓето, кое ќе може да се пресади.