OnePlus 10 Pro беше објавен претходно оваа година во Кина, а сега конечно е официјално претставен за глобалните пазари, вклучувајќи ја и Европа.
Хардверот на телефонот е главно непроменет (има одредени разлики во брзината на полнење, но тие се применливи само на северноамериканскиот пазар). Така, OnePlus 10 Pro има чипсет Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1, со опции од 8/128 GB и 12/256 GB за меморија и складирање.
Екранот на телефонот е 6,7-инчен AMOLED, со резолуција од 1440p, прилагодлива стапка на освежување помеѓу 1Hz и 120Hz и осветленост помеѓу 500 и 1000 нити.
OnePlus 10 Pro има 48MP Sony IMX789 сензор за главната камера, а има и телефото камера од 8MP, како и ултра-широка камера од 50MP со сензор Samsung JN1. Компанијата соработува со шведски Hasselblad за подобрување на камерата. На предната страна има сензор од 32MP.
Батеријата од 5000mAh има поддршка за полнење од 80W со соодветен полнач во Европа и другите делови на светот, додека Американците ја добиваат опцијата 65W. Има и поддршка за 50W AirVOOC безжично полнење, а компанијата тврди дека се полни од нула до 100% за 47 минути.
OnePlus 10 Pro на европскиот пазар ќе се нуди по цена од 899 евра за основниот модел 8/128 GB, а во продажба ќе биде од 8 април.