На денешен ден, пред 46 години основана е моментално највредната компанија во светот.
Компанијата од Купертино беше крунисана за највредна компанија на пазарот на почетокот на 2022 година. Apple накратко ја надмина пазарната вредност од три билиони долари и со тоа помести уште една „волшебна“ граница, една од многуте што ги помести во последните 46 години.
Apple е основана на 1 април 1976 година од Стив Џобс, Стив Возниак и Роналд Вејн. Како што многумина знаат, Apple е создадена во гаража во Силиконската долина. Вејн беше првиот што ја напушти групата, иако остана запаметен како дизајнер на првото лого на Apple и упатствата за компјутерот Apple I.
Џобс и Возниак беа креативците во компанијата и од нивните умови излегоа сите легендарни производи и услуги по кои и денес е познат Apple.
Од самиот почеток, Apple стана познат како компанија која можеби не е првата што носи иновација на пазарот, но е талентирана да го претстави тој производ или функција како нешто досега невидено или да го подобри. Apple не ја измисли функцијата „point and click“ за компјутерите (тоа го направи Xerox), но Apple ја популаризираше. Глувчето за компјутер не е изум на Apple, но компанијата успеа да го подобри и прилагоди за секојдневна употреба. Компјутерите на Apple беа првите кои можеа да испишуваат податоци на рачно изработен монитор, создаден од Возниак.
Apple полека почна да успева, прво преку компјутерите Apple и Lisa, а потоа целосно ја преврте ИТ индустријата со својот iPod. Потоа тој стана синоним за MP3 плеер.
Слично беше и со iPhone-ите. Имаше телефони и пред да дебитира iPhone во 2007 година, но по појавувањето на телефонот на Apple, индустријата за паметни телефони стана сосема поинаква. Apple го редефинира пазарот на паметни телефони, се искачи на врвот и е таму многу години.
Apple е доминантен и на пазарите на таблети со својата серија iPad, серијата паметни часовници Apple Watch со години е лидер во продажбата и компанијата не заостанува на полето на компјутерските уреди со серијата Mac.
Денес, Apple е предводен од Тим Кук, кој го одржува препознатливиот систем на работење и дизајн на производи и услуги на Apple. Тој треба да најде начин да го подобри она што веќе постои, но чиј потенцијал не е целосно искористен.
Поврзани артикли