Xiaomi ги најави новите модели од својата Redmi Note серија – Redmi Note 11 Pro+ 5G и Redmi Note 11S 5G.
Првиот Redmi опремен со жично полнење од 120 W, Redmi Note 11 Pro+ 5G ја полни батеријата од 4.500 mAh до 100 проценти за само 15 минути. Дизајниран со најсовременото двојно полнење, тој обезбедува и безбедност и стабилност при полнење со повеќе од 40 безбедносни карактеристики, како и сертификација на системот за безбедно брзо полнење на TÜV Rheinland.
Пристигнува со главна камера од 108 MP, HM2 сензор на Samsung и има двоен природен ISO, ултра широка камера од 8 MP и телемакро камера од 2 MP. Има 6,67 инчи FHD+ AMOLED DotDisplay дисплеј со стапка на освежување од 120 Hz и стапка на семплирање на допир од 360 Hz.
Се напојува со осмојадрен MediaTek Dimensity 920 процесор, а доаѓа во три верзии – 6 GB + 128 GB, 8 GB + 128 GB и 8 GB + 256 GB.
Redmi Note 11S 5G е опремен со MediaTek Dimensity 810 процесор со поддршка за двојна 5G SIM-картичка. Има голема батерија од 5000 mAh, тројна камера од 50 MP со вештачка интелигенција, која ви овозможува да снимате различни перспективи, а поседува и ултра широк објектив од 2 MP и макро објектив од 8 MP. Redmi Note 11S 5G доаѓа во три верзии – 4 GB + 64 GB, 4 GB + 128 GB и 6 GB + 128 GB.