Настанот е бесплатен и онлајн достапен за сите заинтересирани
На 6-ти април со почеток во 18:00 часот ќе се одржи онлајн дискусија на тема [QA] Automation testing essentials, во организација на Women in Tech Macedonia. Целта на оваа дискусија е тестирањето на софтверот да биде поблиску до сите луѓе кои работат или се заинтересирани да работат како софтверски тестери фокусирани кон автоматско тестирање. Говорниците ќе дискутираат за важноста и придобивките на автоматското тестирање, различни видови на автоматско тестирање и искуства од реални проекти.
Дискусијата ќе ја води Мирјана Андовска, QA архитект во Netcetera со големо искуство во развој на софтвер. Во последната деценија нејзината страст кон технологијата еволуирала кон тестирање на софтвер. За автоматското тестирање на софтвер ќе научиме повеќе од професионалните искуства на следните панелисти со долгогодишно искуство во индустријата.
- Ивана Ивановска е full-stack QA инженер во IW Connect, каде што работи повеќе од 8 години. Таа е сертифициран ISTQB тестер. Во текот на изминатите години таа има работено за различни меѓународни клиенти во доменот на телеком и е-трговија.
- Виктор Гагалески е QA инженер фокусиран на автоматско тестирање. Во изминатите шест години, тој работел во неколку ИТ компании каде што има придонесено за целокупниот процес на тестирање на софтверот со цел да се испорача висококвалитетен софтвер. Виктор моментално работи во Aaqua, глобална стартап компанија.
Настанот е бесплатен и онлајн достапен за сите заинтересирани. Придружете ни се на линкот и дознајте повеќе за предностите на автоматското тестирање. Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.