Нутриционистите сметаат дека комбинацијата на одредени намирници е вистински погодок за здравјето.
Комбинацијата на одредени намирници може да влијае поволно на вашето здравје. Според зборовите на нутриционистот Роб Хобсон, лукот и грозјето се идеална комбинација за намалување на крвниот притисок.
Постојат уште неколку комбинации кои може да го зајакнат вашиот имунитет.
Комбинација на намирници за јак имунитет
Маслиновото масло му помага на човековото тело да апсорбира витамин А кој се наоѓа во доматот и црвената пиперка, а кој е неопходен за здравјето на кожата и очите.
Додека пак црното грозје е богато со полифенолен антиоксидантен катехин кој помага во сузбивање на кардиоваскуларните болести и невролошки нарушувања, а заедно со лукот може да спречи создавање на крвни згрутчувања, така што со тоа ја подобрувате состојбата на кардиоваскуларниот систем кое е многу важно за целокупното здравје на човекот.