Одредени апликации имаат историја на пребарување или гледање содржина, а се чини дека TikTok тестира слична функција во моментот.
Популарната услуга сервис за кратки видеа тестира опција која ќе им овозможи на корисниците да ја видат историјата на сите видеа што ги гледале досега.
Сепак, ова само по себе не е новина за услугата. ТикТок има индикатори кои му покажуваат на корисникот дека веќе гледал видео. Покрај тоа, корисниците можат да ги филтрираат видеата што ги гледале на страницата Discover, но овој метод не е многу интуитивен, особено за новите корисници.
#TikTok is testing adding a watch history feature in the app pic.twitter.com/zFLn6uYSUr
— Hammod Oh (@hammodoh1) March 26, 2022
Креирањето одредена секција, кој ги наведува видеата што сте ги прегледале може да го олесни наоѓањето на содржината што ви треба.
Останува прашањето колку е практично имплементирањето на функцијата за историјата на пребарување. За разлика од YouTube, кој исто така ја има оваа опција, TikTok клиповите се кратки и наменети за брз преглед, па во рок од половина час можете да прегледате 20 до 30 видеа. Поради тоа може да биде тешко, по неколку дена или недели, да се вратите и да побарате одредено видео во историјата на пребарување,
Секако, се работи за функција која може да биде од корист, но засега не е познато кога TikTok би можел да ја имплементира, бидејќи е во фаза на тестирање.
Поврзани артикли