Samsung досега објави две серии на флексибилни уреди – Galaxy Z Fold и Z Flip. Оваа година ги очекуваме Z Fold4 и Z Flip4, но извештајот на Galaxy Club сугерира дека третиот уред на преклоп – Flex Note – би можел да биде во подготовка.
Тоа е затоа што постојат три кодни имиња за преклопните уреди – B4, K4 и N4. Бидејќи минатогодишните имиња за Z Flip3 и Z Fold3 беа B3 и K3, многу е веројатно дека кодното име N4 му припаѓа на целосно поинаков смартфон на преклопување.
Гласините велат и дека Samsung нема да го произведува во толку големи количини како првите два уреда. Постојат доста патенти поднесени од Samsung во последните неколку години, вклучувајќи ги и оние што прикажуваат екран што може да се свиткува и преклопува во различни форми. N4 можеби не е толку екстремен, но има смисла да биде следниот уред со иновативен дизајн, со оглед на ограниченото производство. И како што веќе беше споменато во претходните месеци, Samsung подготвува таблет на преклоп, па за очекување е дека станува збор за производ од оваа серија на уреди.