Google минатата година ја ревидираше својата ТВ апликација, редизајнирајќи го својот интерфејс и претворајќи ја во центар за стриминг. Во блиска иднина, ќе служи и како официјален дом на Google за филмови и ТВ серии што можете да ги изнајмите или купите.
Иако веќе можете да го направите тоа во ТВ апликацијата, сепак можете и да најдете филмови и ТВ серии што можете да ги купите во Google Play Store. Сепак, во мај 2022 година, Google ќе го отстрани табоt Филмови и ТВ од Play Store менито на дното на својот интерфејс и ќе продолжи да продава само апликации, игри и книги.
Ако не сте ја разгледале подетално новата апликација Google TV, ќе го видите табот Store каде што можете да ги најдете сите наслови понудени од технолошкиот гигант. Сè што плаќате ќе се најде на картичката Библиотека, а целата купена содржина ќе биде таму на неодредено време – можете или да ја стримувате или да ја преземете. Имајте на ум дека сѐ уште можете да ги користите Play кредитните картички на Play подарок-картичките за трансакции во апликацијата и дека сите ваши купувања сѐ уште ги исполнуваат условите за семејно споделување и Google Play поени, пишува Engadget.
Дополнително, и натаму можете да гледате и да барате рефундирање на средтсвата за купување ТВ-апликации на Google Play. Единствената разлика е во тоа што, ако постои наслов што сакате да го гледате, наскоро ќе морате да ја покренете наменската апликација Google TV наместо Play Store за да го пронајдете.