Black Shark 5 серијата минатиот месец се појави на TENAA и 3C сертификација, а гејминг брендот конечно ги одреди датумот за пристигнување на новиот телефон за игри. Лансирањето ќе се одржи на 30. март во 19 часот по локално време во Кина.
Xiaomi се очекува всушност да претстави два тсмартфони – Black Shark 5 и Black Shark 5 Pro. Pro моделот очигледно го покренува Snapdragon 8 Gen 1 чипсет, но TENAA сугерира дека стандардната варијантата ќе го користи многу поскромниот Snapdragon 870.
Компанијата го објави и слоганот „Breaking through Gravity“ кој ќе го користи за промоција на Black Shark 5 серијата.
Black Shark 5 Pro се очекува да донесе и поголема батерија и поголема стапка на освежување на екранот во споредба со 4s Pro. Повеќе ќе знаеме следната среда кога ќе бидат откриени сите детали.
Според наводите, компанијата Black Shark е веќе во поодминати преговори за преземање од Tencent.