Научниците сметаат дека е извесно дека постои „антиуниверзум“ и дека во него времето тече – наназад.
Новата претпоставка доаѓа од експертите кои ја проценуваат симетријата во природата и космосот, а актуелното истражување се однесува на основните симетрии во природата.
Во научниот труд се тврди дека начинот на кој го разбираме светот и поширокиот универзум околу нас, се движи напред во времето, но исто така тој мора да биде проширен.
Како што пренесува Live Science, новата студија која неодамна била прифатена за објавување во магазинот „Annals of Physics“ сугерира дека постои комбинирана симетрија за цел универзум.
Како што потврдува истражувањето, раниот универзум бил толку изедначен што времето симетрично течело нанапред и наназад.
Во истражувањето се тврди дека начинот на кој го разбираме светот и поширокиот универзум околу нас, движејќи се напред во времето исто така мора да биде проширен така што да вклучува верзија „во огледало“ која го подразбира времето „наназад“.
Новото истражување исто така би може да даде подлабоко разбирање на темната материја. Теоријата сугерира дека таа невидлива честичка која има интеракција само со гравитацијата и обезбедува управување електрон-неутрон, мион-неутрон и тау-неутрон (субатомска честичка).
Истражувањето сугерира и дека условите во „универзумот огледало“ каде времето тече наназад, би биле полни со тие парни неутрони кои ја претставуваат темната материја.
Секако, никогаш не би можеле да доживееме време кое тече наназад, па дури и тоа дефинитивно да постои, но сепак тоа е интересна теорија.
Извор: RTS.rs