Минатата година, мобилниот уред Xiaomi MIX 4 беше претставен со селфи камера под екранот, сензор за главната камера од 108 MP, како и други флегшип карактеристики, како што се Qualcomm Snapdragon 888+ чипсет, графички чип Adreno 660, Corning Gorilla Glass Victus заштитно стакло и многу други интересни спецификации. Значи, предводник во сè, но доста ограничено.
Сепак, се чини дека покрај глобално достапните уреди од 11 и 12 серијата, Xiaomi сака да направи уште телефон со флегшип функции, кој донесува по некоја голема иновација. Минатата година беше многу интересна селфи камерата под екранот, па ќе биде доста интересно да се види што необично годинава ќе им понуди Xiaomi на корисниците во Xiaomi MIX 5.
Во моментов се уште нема официјални информации за најновиот смартфон на оваа компанија. Сепак, на мобилната платформа за тестирање Geekbench се појави мобилен уред на Xiaomi со кодно име 2203121C. Овој уред освои 1.257 поени во перформансите со едно јадро и 3.456 поени во перформансите со повеќе јадра.
Се работи за Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 чипсет, а се чини дека работи на следните работни тактови – 4 јадра на 1.79 GHz, три јадра на 2.50GHz и едно јадро на 3.00GHz. од останатите битни спецификации прикажани на Geekbench, тука се 12GB RAM меморија и Android 12 оперативен систем. Бидејќи Xiaomi веќе ги претстави своите најмоќни модели од серијата 12 за тековната година, се претпоставува дека ваквите спецификации укажуваат на Xiaomi MIX 5.