NASA во Kenedy Sapce Center прв пат ја прикажа целосно составената ракета со која тргнува во мисијата Artemis.
Додека Елон Маск се подготвува за патување на Марс, плановите на NASA се малку поскромни. Американската вселенска агенција се подготвува за мисијата Artemis и праќање на екипаж на Месечината, што се очекува во 2025-та година, а првиот чекор во таа мисија е лансирање на ракета од новата генерација наречена Space Launch System, чиј дел е и посебната капсула за астронаути Орион.
NASA вчера во Kenedy Sapce Center прв пат ја прикажала целосно составената ракетa, и станува збор за колос со висина од околу 100 метри. Тоа е најмоќната ракета на NASA досега, која во рамките на програмата Artemis, наскоро би требала да полета во вселената и да го понесе “Орион” на патување долго 26 дена, во рамките на која ќе кружи и околу Месечината.
Goodnight, Moon!
The 322-foot-tall @NASA_SLS rocket for #Artemis I will arrive at Launch Pad 39B soon. pic.twitter.com/RKEdC4lF9i— Boeing Space (@BoeingSpace) March 18, 2022
Пред тоа потребно е да се направат бројни тестирања, и доколку сите тестови се покажат како успешни, односно ако не се случат некои други непредвидени работи, историскиот лет ќе можеме да го очекуваме во мај или јуни. Треба да се нагласи дека во текот на тој лет во капсулата нема да има човечки екипаж.
При прикажувањето на новата ракета, администраторот на NASA, Бил Нелсон рекол дека генрацијата Artemis се подготвува за освојување на нови граници – овој програм ќе го отвори патот кон следниот исчекор на човештвото, односно идните мисии на Марс.
Извор: Zimo.hr