Samsung пред неколку дена претстави три нови Galaxy A паметни телефони. Компанијата ги објави Galaxy A73, Galaxy A53 и Galaxy A33 и ја спомена новата Onyx боја за слушалките Galaxy Buds 2 и Galaxy Buds Live.

Самата боја не беше прикажана на презентацијата, но компанијата подоцна објави медиумски фотографии, потврдувајќи го изгледот на новите слушалки. Новата боја ќе биде достапна само во онлајн продавницата на Samsung, почнувајќи од следниот месец, за да се комплетира лансирањето на Galaxy A серијата на пазарот.

Samsung Galaxy Buds2 пристигна во летото 2021 година, за време на Unpacked настанот со Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3. Една од најважните карактеристики е наменскиот VPU што ја филтрира надворешната врева во текот на повикот и го пушта само гласот на корисникот низ микрофонот.

Galaxy Buds Live се уште постари. Тие беа лансирани за време на летниот настан Unpacked 2020, покрај Galaxy Note20 телефонот.

Galaxy Buds2 и Galaxy Buds Live се продаваат поевтино отколку на оригиналното лансирање, а веруваме дека ни Onyx бојата нема да ја промени цената која се движи околу 129 и 100 евра.