Во секојдневие каде виртуелната реалност станува сѐ почеста појава која ја забележуваме, и примената се зголемува, што е следно во оваа линија? Го нарекуваат просторно пресметување, но што сѐ се подразбира под него?
Што е просторно пресметување?
Просторното пресметување не е само уште едно технолошко решение, туку спојување на концепти кои ни се познати од научно-фантастичните филмови како виртуелна (VR), аргументира (AR) и мешана (MR) реалност.
За разлика од традиционалното пресметување, кое се изведува зад 2Д екран, просторното пресметување ги користи AR, VR и MR за да направи компјутерски кориснички интерфејс кој ќе делува природно за употреба.
Оваа комбинација значи дека компјутерите целосно ќе го разберат нашиот реален свет благодарение на нивните сензори и камери и на тој начин ќе ни го направат животот полесен и позабавен.
Како се користи просторното пресметување во секојдневието?
Дали сте се сликале со филтри на кучешки уши, очила или мустаќи? Аплицирање на овие забавни филтри е можно благодарение на просторното пресметување.
Без него, би било невозможно за нас да комуницираме со виртуелни домашни асистенти како Alexa. Дури и апликациите со мапи користат просторно пресметување за да им дадат прецизни информации на возачите за моменталната густина на сообраќајот и застои на патот.
Три начини како просторното пресметување ќе го промени начинот на работа
- Поефикасна обука на вработените со генерирани 3Д средини што личат на вистинските работни места;
- Подобра евиденција на нови заразени со Ковид-19 и сценарија за избегнување на физичкиот допир;
- Подобра комуникација со вработени и компании на далечина со користење на аргументирана реалност за споделување клучни информации.
Просторно пресметување: Што е следно?
Како што 5Г технологијата се развива и станува достапна на се повеќе места во светот, софтверот и хардверот на технологиите како VR и AR уште повеќе се развиваат на сметка на тоа за да станат изводлива опција помеѓу индустриите.
Оваа еволуција ќе доведе до поголем развој на свет во кој виртуелното и реалното стануваат едно, целосно трансформирајќи го нашето разбирање за интеракциите помеѓу човекот и машината засекогаш.
Како просторното пресметување ќе ја обликува нашата иднина, дознај од овој линк: https://www.scientificamerican.com/article/spatial-computing-could-be-the-next-big-thing/
Извор: Некст Медиа
„За повеќе теми и занимливости од слични области, посетете ја Медиа страната на Бреинстер Некст Колеџ“
Поврзани артикли